Американскиот моден бренд Guess ја претстави рекламната кампања на колекцијата наменета за есен/зима 2022 година, снимена од фотографката Tatiana Gerusova. Кампањата се издвојува по интернационалниот карактер на моделите кои ја претставуваат: полскиот модел Kim Dammer, српскиот модел Nina Kostić, шпанскиотт моделl Lidia Santos, италитанскиот модел Mario Ermito, како и Xavier Grey, модел од Франција.
Кампањата ги потенцира must-have парчињата и додатоци те на Guess кои вклучуваат класични линији, надградени цветни и анимал принтови, како и бои што ќе ги осветлат тмурните есенски и зимски денови.
Кампањата Guess есен/зима 2022 е снимана на просторот на Алхамбра, палата и тврдина на мавританските монарси од Гранада, Шпанија. Облечени во сензационален и хипнотизирачки космополитски изглед, манекенките позираат во дводелни комплети со панталони и кокетни костуми со здолништа и плисирани наметки. Ансамблите се комбинирани со зимски капути, пријатни плетива и чизми на високи потпетици.
Најновата колекција од Guess е модерна и безвременска, го слави женскиот дух на гламурот и независноста. Guess нуди убави пастелни бои, совршени за есенва и претстојната зима: од светли сини и есенски црвени, до земјени неутрални како беж, крем и кафеава./М.М.