На неодамна завршената модна недела во Милано Gucci и Аdidas настапија со нова ексклузивна заедничка колекција, наменета за есен/зима 2022 година. Претставените кожни ракавици, плетената спортски капи, прилагодени костуми, здолништа и обукви, се потврда дека новата колекција, на двата добро познати бренда, со нетрпение ќе се очекува во продавниците.


Имено, комбинирајќи го нивното наследство и креативните кодови, Adidas и Gucci ги здружија силите во новата, ексклузивна колекција, со која ќе ги поместат своите граници и ќе постават нови – овој пат заеднички, adidas x Gucci.


Аdidas во своето соопштение ја потврдија веста за новата соработка – adidas x Gucci – која ги комбинира наследството и креативните кодови на двата бренда. Gucci пак на Инстаграм ги претстави #adidasxGucci, при што познатите силуети ги исполнуваат комбинираните креативни кодови на @adidasoriginals и на брендот Gucci, создавајќи нешто сосема ново „со ново заедничко лого“.


Кога станува збот за лотото, беа претставени црни ракавици со бело лого и познатите ленти, како и мокасини со златно лого на брендовите на потпетиците./М.М.

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.