Giorgio Armani создава облека што секој маж може да ја облече и измеша и усогласи како што сака, за да се изрази и прикаже себеси. Неговата есенско-зимска колекција 21/22 не остапува од таа дизајнерска патека што со децении се покажува како извонредно успешна. Инспирирани од 80 -тите години, овие структурирани, разноврсни парчиња спојуваат неутрални тонови со сини нијанси, а стилот со удобноста.
Во светот типичен за Arman лесно се следи хроматска патека која се префрла помеѓу природните нијанси и длабокото блуз црно, заедно со деталите од кожа или сомот. Тоа едновремено е и портрет на самоуверен, сериозен човек, кој може да се откаже од јакна навечер, облечен само во кадифена кошула.
Giorgio Armani отсекогаш бил фасциниран од психологијата на облекувањето. Не случајно неговиот стил е овековечен во филмска сцена на која се гледа човек пред гардероба, со намера да направи избор. Новата колекција е токму таа: структурирана гардероба, колекција на облека што, кога се ажурира, опфаќа децении во брзи транзиции. https://www.armani.com/wx/armanicom/men/giorgio-armani/man_section
Одбележувањето на јубилејот – 40 години Emporio Armani е во знакот на кампања за есенско-зимската колекција, снимена од шест фотографи кои интерпретираат повеќе визуелни решенија за јубилејот. Тоа се: Aldo Fallai, Brett Lloyd, Julia Hetta. Matthew Brooks, Max Vadukul и Nico Bustos. Кинескиот актер Hu Ge се јавува во улога на глобален амбасадор на GiorgioArmani. Тој е и еден од протагонистите на рекламната кампања снимена од Leslie Zhang. Со моделите Emiliano Marku, Hugo Gillain и Fabio Tavares претставуваат олицетворение на софистицираниот на Armani мажот. https://on.giorgioarmani.com/FW21_22_