Gia Couture

Динамична и енергична, Gia Couture е постојано свртена кон иднината.

Инспириран од постојаните промени во модната индустрија, брендот го создава и испорачува својот поглед кон модните додатоци, како и новиот концепт за навистина незаборавни чевли.

Gia Couture е основана во 2016 година од дизајнерката Barbara Borghini, што го носи името на нејзината ќерка Ginevra, која, како што вели дизајнерката, е нејзин моќен извор на инспирација.

Barbara Borghini

Возбудливите колекции и ексклузивните соработки низ годините го направија брендот сигурна дестинација за љубителите на незаборавни чевли и сандали, ширум светот.

Талент за енергични, но женствени чевли, со одлични познавања на занаетот, Barbara соработува со мајсторите од околината на Фиренца кои целосно рачно ги изработуваат чевлите што таа ги креира.

Големата страст за модата и чевлите ја инспирирале Barbara Borghini уште од детството, се додека не решила оваа опсесија да ја трансформира во свој бренд.

Секогаш страсно следејќи го секој аспект на брендот и со поглед напред создадена е и најновата пролетно летна колекција за 2021 година, со која претставува два вида: потпетици – дизајнирани наназад, како и со штикла што наликува на бамбус./M.M.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Gia Couture

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.