Carine Roitfeld, модна уредничка и поранешен модел, која веќе пет години управува со истоимениот бренд, освен облека, создава и мириси. Така лани го претстави Carine, како водечки парфем на брендот, за сега да го лансира Forgive Me, како нов, мистичен и сензуален парфем.
Forgive Me е создаден во соработка со Dominique Ropion, култниот француски парфимер. Мистичниот парфем е со горни ноти од мандарина, црвен бибер и цвет од портокал. Во срцето се тубероза од Индија, иланг и гарденија, а во основата пачули, исто како и кај парфемот Carine. Спакуван е во темно виолетово шише, потенцирајќи ја така својата мистична привлечност.
Да се носи Forgive Me е како да откриеш друга жена во себе, како да се гледаш поинаку во огледалото, вели Roitfeld опишувајќи го новиот парфем. Овој нов класик е посветен на сите жени кои уживаат да играат според правилата.
Carine Roitfeld е француска модна уредничка, писателка и поранешна манекенка . Од 2001 до 2011 година била главен уредник на Vogue Paris, за во 2012 година да го основа списанието CR Fashion Book, со седиште во Њујорк./М.М.
Дополнителните информации за Forgive Me можат да се најдат на www.carineroitfeld.com.
More in:Убавина вести
Полноќниот мирис на Victoria’s Secret
Candice Swanepoel и Paloma Elsseser го претставија новиот Bombshell Midnight мирис на Victoria’s Secret. Victoria’s ...
Парфемите на Bottega – уметноста на сензуалниот сексепил
Кога се спомнува италијанската модна куќа Bottega Veneta, првата асоцијација е кожата – без разлика ...
Легендарниот Lionel Messi во светот на парфемите
Аргентинската фудбалска ѕвезда Lionel Messi се подготвува за нов предизвик, овој пат влегувајќи во парфемската ...
Maybach ги представи унисекс мирисите на Haute Parfumerie
Maybach влегува во индустријата за парфеми, проширувајќи го своето присуство на луксузен бренд надвор од ...