Јакната Fog-X на Pavel Hedström може да се трансформира во засолниште и фаќач за магла.
Fog X јакната, која од магла може да направи вода за пиење и да биде засолнише, освои награда за дизајн на Lexus, со која се признаваат прототипи кои имаат за цел да изградат подобра иднина. Шведскиот дизајнер Pavel Hedström победи во категоријата јавен избор со јакната Fog-X, која е наменета за патници на суви далечени локации.
Јакната им овозможува на корисниците да заробат вода од воздухот, а исто така може да се прошири во засолниште за едно лице за да обезбеди заштита од сонцето.
Hedström го опишува Fog-X и како low-tech уред. Јакната има проширувачка антена слична на едро, која држи истегнат мрежен материјал. Капките магла, фатени во мрежата се влечат од гравитацијата во канал што ги доставува во интегриран воден меур во јакната. Освен што фаќа магла, јакната може да фати и дожд.
Развиена е и придружна мобилна апликација која ќе помогне во лоцирањето на областите со магла, со помош на GPS, бидејќи тие места можат да бидат оскудни во пустината.
Дизајнерот смета и дека концептот може да има пошироко влијание. Имено, технологијата и дизајнерскиот пристап би можеле да се применат на други објекти, па дури и на инфраструктура, или да се прилагодат во достапен уред „направи сам“.
Концептот отвора низа прашања за тоа како во иднина би можела да се создаде водна инфраструктура./М.М.