Jeremy Scott ја претстави The Flintstones, летната Moschino машко/женска капсула колекција, за која инспирацијата се јунаците на истоимените анимирани филмови на Hanna-Barbera.

По пролетно/летната женска колекција, со мали костуми и слики на слонови, жирафи и графити, во сатен и твид, како и машката колекција во бебе дезен ( со слики од сонца, месечини, животни), Jeremy Scott, доследен на себе си, предлага летото да се пречека во маички со ликовите на Flintstones, во ултра куси здолништа со принт на животни, во силни бои, во високи чизми, и преголеми машки чевли во ист, анимал принт.

The Flintstones на Moschino се веќе на нивната електронска продавница, а дел од рекламната кампања и на социјалните мрежи.

Претворете го каменото доба во шик уличен стил – повикуваат од Moschino – забавувајте се со Flintstones, најновата колекција на брендот. /М.М.

 

More in:Мода

You may also like

Модни додатоци

Balmain B-Buzz

Италијанската модна куќа Balmain годинава ја започнува со нова колекција на чанти, наречена B-Buzz, наменети ...

Comments are closed.