Создадена низ креативен дијалог на Kim Jones и Donatella Versace, нивната заедничка колекција насловена како Fendace, наменета за ова време – пред есента, го носи потписот и кодовите на Versace, заедно со принтот на Fendi FF логото. Есенските ансамбли се подготвени за носење и надополнети со бројни модни додатоци. 

Fendace своето деби го имаше во Palazzo Versace, на Via Gesù, во Милано, а на пистата можеа да се видат: Naomi Campbell, Kate Moss, Amber Valletta, Kristen McMenamy, Vittoria Ceretti, Kirsten Owen, Karen Elson, Emily Ratajkowski, Mariacarla Boscono, Gigi Hadid, Lila Moss, Shalom Harlow, како и многу други манекени.

За прв пат во историјата на модата, две италијански модни куќи решија низ заедничка колекција да го претстават, избалансирано, она суштественото на Versace by Fendi и на Fendi by Versace. Fendace ја крши к отфрла правилата, ги ослободува предрасудите креативните тимови на двете куќи и ги заменува со забава и виртуозност.


Donatella Versace и Silvia Venturini Fendi за прв пат ги оставаат семејните креативни канцеларии за да се инспирираат едни со други.
Современата визија на Kim Jones, креативниот директор на Fendi Couture and Womenswear, вешт визионер во толкувањето на наследството на брендовите, ги обединува модните куќи. Две реалности се спојуваат со споделување на архивите со доверба, за создавање кросовер што ќе ги истакне стилските и културни наследства и на двете./М.М.

 

 

More in:Мода

You may also like

Модни додатоци

Balmain B-Buzz

Италијанската модна куќа Balmain годинава ја започнува со нова колекција на чанти, наречена B-Buzz, наменети ...

Comments are closed.