За претстојните сезони есен/зима 2022, модната куќа Gucci ја претстави кампањата Exquisite, во чест на легендарниот филмски режисер Stanley Kubrick. Кампањата модно ги обработува сцените од неговите најпознати филмови како што се: „The Shining“, „2001: A Space Odyssey“, „Eyes Wide Shut“ и „A Clockwork Orange“.
Креативниот директор на кампањата е Alessandro Michele, кој инаку е обожавател на познатиот филмски режисер, додека за фотографиите се на познатото фотографско дуо Mert & Marcus.
Michele истакнува дека ‘Exquisite’ кампањата претставува оддавање почит на брилијантниот маестро, Stanley Kubrick. Филм-мејкерот и филозоф, кој подобро од другите ја создал и пренел магијата и нераскинливиот јазол на филмот и на животот, според дизајнерот е инспирацијата за Exquisite.
Отсекогаш сум се восхитувал на извонредниот капацитет на Kubrick во справувањето со бројни, различни теми. Неговиот експериментален нагон оди подалеку од секоја можна категоризација, вели Alessandro Michele./М.М.