Дизајнерскиот бренд Gingko со седиште во Велика Британија ја претстави Evaro Teardrop Light, светилката која лебдее во воздухот.

https://gingkodesign.com/product/evaro-lightbulb-lamp/

Столната ламба со лебдечка сијалица ќе обезбеди совршен амбиент за секој простор, додавајќи и естетска вредност на ентериерот. Поставена е на дрвена основа, поврзана со штекер. На спротивниот крај се наоѓа држач со моќни магнети који ја држат сијалицата во воздухот и безжично ја пренесуваат енергијата преку магнетна индукција.

Се вклучува со доближување на сијалицата до држачот и да оставите магнетите да го направат останатото. Се исклучува со лесно одвојување на лебдечката сијалица, за да се прекине магнетната врска. Доколку некој случајно удри во сијалицата, нема потреба за грижа, таа никогаш не паѓа на земја, поради магнетната сила.
Уникатната светилка, односно лебдечката сијалица, привлекува големо внимание со својот необичен дизајн.

You may also like

Comments are closed.