Esprit Europe и шест други компании од модната групација до судот во Дизелдорф поднесоа барање за стечај.
Компанијата соопшти дека минхенската адвокатска фирма Gerloff Liebler Rechtsanwälte, која веќе извршила реструктуирање на Escada, Gerry Weber, Adler Modemärkte, Hallhuber, Laurèl и Tennis-Point, е задолжена за спроведување и управување со постапките.
Esprit пред два месеца поднесе барање за стечај во Белгија и Швајцарија. Компанијата соопшти дека деловното работење ќе продолжи до наредното известување. Околу 1.500 вработени се директно засегнати од поднесокот за несолвентност.
Компанијата наведе и дека во напредна фаза се преговорите за откуп на правата на брендот за Европа со финансиски инвеститор кој пројавил интерес за значителни делови од имотот на Esprit.
Esprit е активен во околу 40 земји ширум светот и е со седиштa во Ратинген и Хонг Конг. Германија е најважниот пазар за Esprit, 57 од 124 европски филијали се во оваа земја./М.М.
More in:Вести
H&M и Чарли XCX со ненадеен концерт за сите
Во знак на прослава на празничната колекција на H&M, илјадници љубители на музиката и на ...
Спомените ги чува и телото – не само мозокот!
Општо е познато дека мозокот, односно мозочните клетки – складираат спомени. Но, тим научници од ...
Глен Мартенс – гостин дизајнер на H&M за Есен 2025 година
H&M со задоволство објави една од своите следни дизајнерски соработки – значајно партнерство со Глен ...
Од утре во Скопје Сити Мол „Фестивал на чај“
Со слоганот „Време е за чај“, од утре до 17 ноември, на приземјето во Скопје ...