Најновата кампања за машката колекција на Emporio Armani за есен/зима 2024/25 е со смел дух, дефиниран со јасни силуети, со широко дизајнирани раменици, чевли со врвки со висок ѓон, кои во комбинација со затоплувачите на нозете ја добиваат посакуваната мекост, се вели во соопштението на брендот.
Фото сесијата на Brunо Staub ја истакнува фасцинацијата со наутички акценти како бретон риги, капи, чизми и јакни испирирани од елек за спасување. Никогаш не ја криев мојата љубов кон морето, за мене тоа е симбол на слободата и на авантурата. Така работев на фигурата, почнувајќи од рамениците, кои се широки, решителни… Ова беше почетна точка за целото движење во колекцијата која е претежно модернизирана, објаснува Giorgio Armani.
Колекцијата во пригушени нијанси на тегет, бела и сива уредно го преведува јазикот на наутичкиот стил во улична мода. И не само тоа, Armani одлично ги комбинира предимензионираните палта и капути со ноншалантно врзани марами.
Марамите се значаен елемент на дизајнот и од друга причина. Дизајнерскиот тим вешто ги вградува во структурата на кошулата, каде што материјалот на јакната се протега како вратоврска.
Слободата, копнежот и постојаниот стремеж кон непознатото се исто така вредности за кои говори Giorgio Armani оваа есен./М.М.

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.