Don Emilio Pucci, Marchese di Barsento беше италијански моден дизајнер и политичар. Тој и неговата истоимена модна куќа се синоним за геометриски отпечатоци во калеидоскоп на бои. Во последните децении од минатиот век беа позната и по долгогодишната соработка со сега веќе непостоечката авио компланија Brainiff.
Имено, во во 60-тите, кога брендирањето на авионите сè уште беше привилегирано искуство, Emilio Pucci се прослави со својата соработка со Brainiff. Сега непостоечката авиокомпанија Brainiff имаше својата флота од „Боинг 727“ авиони, обоени во необични нијанси на тиркизна, лимон жолта, розова бомбона и лаванда. Стујардесите (во тоа време беа нарекувани хостеси) биле облечени во мини фустани и тенки палта што одговараат на боите на авионот, со пластични кациги на главите, за да ги заштитат своите коси.
Извршниот директор на компанијата, гуру за маркетинг, Mary Wells, настојувала во тоа време патувањата со нивните авиони да ги направи повеќе од незаборавни. Таа го одбрала токму италијанскиот моден дизајнер да ги креира униформите на стјуардесите. Помеѓу 1965 и 1974 година, Emilio Pucci има направено шест колекции за Brainiff.
Токму оваа референца и тогаш испорачаните колекции, беа инспирација за сегашниот дизајнерски тим на Emilio Pucci. Создадена е серија од парчиња што можат лесно да се спојуваат и комбинираат, а и брзо да се спакуваат, за импровизирано патување до некоја од крајбрежните дестинации.
Во понудата се вклучени кратки смели фустани, разнобојни боди, спарени со мини здолништа. Костимите за капење и бикини се со висок струк, со одржлива ликра, сега со гламурозен спин, стилизиран со шик блузи од еко-тафта.
Како и секогаш, отпечатоците зборуваа за архивски мотиви што се однесуваа на патувањата, сега преработени во благо заситени бои. Лесни и воздушни, тие го пренесоа младешкиот, лелеав дух во кој се чини дека е сегашната инкарнација на дизајнерот Emilio Pucci./М.М.