Супермоделот Naomi Campbell викендов во Доха, Катар, започна со реализација на својата глобална иницијатива EMERGE/Art & Fashion Exhbit.

Иницијативата EMERGE е со хуманитарен карактер: се фокусира на поддршка на алтернативното образование и инвестирањето во млади, креативни таленти од региони во развој, со фокус на Африка, дијаспората и заедниците во развој, низ целиот свет.

EMERGE и меѓународната добротворна организација Fashion For Relief, викендов беа домаќини на модна ревија на која се преставија млади дизајнери од региони во развој соподдршка на светски познатите модни куќи како: Valentino, Dolce&Gabbana, Burberry и многу други. На пистата настапија интернационални модели, предводени од Naomi Campbell и Bella Hadid.

Ревијата е одржана под покровителство на шеиката Al-Mayassa bint Hamad Al-Thani , беше дел од Креативната недела на Катар ( Qatar Creates Week.
EMERGE е иницијатива посветена на обединување на модната и креативната индустрија. Hadid, Campbell и другите модели носеа избор на наградувани модни дизајнери од Африка, дијаспората и Блискиот Исток, како што се Thebe Magugu, Bianca Saunders и Abdel El-Tayeb.
Naomi Campbell беше и домаќин на гала вечерата одржана по модната ревија./М.М.

 

 

You may also like

Comments are closed.