Balmain

Торбата Ely јасно покажува дека Olivier Rousteing продолжува да се надоврзува на огромното наследство на Pierre Balmain. Кога ја основал својата модна куќа во 1945 година, добил телефонски број ELY 64-68. Во тоа време, ELY броевите биле резервирани за оние што се наоѓаат во близина на Елисејските полиња, сместени во престижниот т.н. Golden Triange на француската престолнина. Инспириран од скиците од архивата на Pierre Balmain, Olivier Rousteing ја создава Ely како своевидни сеќавања на шик и женствените силуети што Pierre Balmain ги покажуваше во текот на годините кога модната куќа го користела ELY бројот./M.M

Balmain

Balmain

Balmain

Balmain

Balmain

You may also like

Comments are closed.