Elie Saab, либански дизајнер кој успешно го премостува јазот помеѓу традицијата и модерноста и создава глобален наратив вкоренет во арапската елеганција прослави 45 години творештво.
Со прослава на занаетчиството и раскажување „1001 Seasons“ приказни за создавањето, либанскиот дизајнер Elie Saab во Ријад, Саудиска Арабија, одбележа 45 години од својата славна кариера. Одржан за време на зимскиот фестивал Riyadh Season, настанот посветен на високата мода се претвори во волшебна изложба на уметноста и културата.
Шоуто ја откри ексклузивната празнична колекција насловена како Riyadh Season на Saab, низ неверојатна низа од 300 парчиња, инспирирани од безвременските приказни за Илјада и една ноќ. Saab повторно ги обмисли легендарните наративи со својот препознатлив стил, преобмислувајќи сложени везови, лелеави силуети и луксузни украси.
1001 Seasons не беше само модна ревија туку целосен спектакл, со изведувачи како Jennifer Lopez, Camila Cabello, Nancy Ajram, Amr Diab и Celine Dion додека супермоделите, како Isabeli Fontana, Candice Swanepoel, Adriana Lima и Sara Sampaio ја оживеаа колекцијата на пистата.
Пред настанот познати личности од арапскиот свет, го истакнаа длабокото регионално восхитување кон работата на Saab. Настанот го истакна неговиот придонес за издигнување на арапската мода на глобалната сцена, комбинирајќи го наследството и иновациите на начин што продолжува да резонира низ генерации.
1001 Seasons на Elie Saab беше повеќе од прослава на неговата кариера – беше доказ за трајната моќ на раскажувањето приказни ниа модата. Со спојот на културата, креативноста и моќта на ѕвездите, шоуто го зацврсти наследството на Saab како дизајнер кој успешно го премости јазот помеѓу традицијата и модерноста, создавајќи глобален наратив вкоренет во арапската елеганција./М.М.
More in:Мода
Празнично со Ralph Lauren – класично, носталгично
Американскиот бренд Ralph Lauren останува посакуван повеќе од половина век: безвременскиот, класично американски стил со, во ...
Невестинските couture фустани на Vivienne Westwood
Невестинската couture колекција на Vivienne Westwood за 2025 година, со само девет фустани, го истакнува ...
Victoria’s Secret 2024 – Повторно на писта
Во вторникот вечерта, модното шоу на Victoria’s Secret по едно откажување и шестгодишна пауза, ги ...
Dolce & Gabbana ја претстави Il Pranzo кампањата
Irina Shayk е водечки модел во најновата рекламна кампања на Dolce&Gabbana, насловена како Il Pranzo, ...