Duran Lantink

Duran Lantink е холандски дизајнер кој живее и работи во Амстердам. Создава колекции кои се одликуваат со одржливост, етичност и иновативност. Соработува со различни групи, како што е заедницата за бездомници во Амстердам и на сексуалните работници во Cape Town. Штотуку ја промовира својата прва дигитална модна ревија снимена во кралската Soestdijk Palace, од 17-от век.

Холандскиот дизајнер и во најновата колекција не отстапува од неговото сечи и лепи создавање. На првата дигитална модна писта, манекените ги следи со повеќе камери-дронови, давајќи доволно материјал за бројни видувања и исто толку мислења за неговата летно-есенската колекција.

Носивоста на представеното е повеќе видување одошто прашање, особено доколку се размислува во насока според која, токму тој може да биде крајниот адут за модата! Како – тоа тој самиот најдобро го објаснува коментирајќи ја ревијата. Lantink всушност започнува со расклопување на инвентарот на дизајнерите, им фрла ракавица и од нивните модели прави своја сечи-лепи колекција. Каква? – за тоа модниот свет има соодветно мислење…

Duran Lantink

Додека Lantink говори за колекцијата, преку камери на дроновите се следат моделите како поминуваат низ задните простории на палатата. Тоа всушност е поранешната ловна куќа на холандското кралско семејство која во моментов е пренаменета од страна на фондацијата Meyer Beckman, како центар за создавање платформи за одржливи решенија во производството. Се наоѓа 30 километри надвор од Амстердам  и тука е неговото студио.

Duran Lantink

За време на заклучувањето, објаснува Duran Lantink, имав време да работам со мојот асистент, Thibault, на сите материјали што ми беа оставени од соработката со продавниците и брендовите и да дојдам до оваа, нашата прва колекција на на модна писта. Тој и настапува на ревијата, носи лимон-жолт фустан, реконструиран од друг фустан што беше оставен од соработката со Ellery минатата година. Поентата беше да се даде слободна за рециклирање, но и нов живот на нивниот непродаден инвентар.

Duran Lantink

Lantink потенцира дека има преобликувано купишта облека што лежат околу неговото ателје, кои „порано биле“ облека на Balmain, Balenciaga, Prada, Proenza Schouler, Vetements, Marine Serre и многу други. „На почетокот, започнавме со продавниците, за да видиме што можеме да направиме нивните преполни простори со мртва облека да не завршат на депонија. Тоа беше почеток на размислувањето како да создадеме сосема нова форма на бизнис “.

Duran Lantink

Lantink има добар план за развој и надградба со која направеното може да го претвори во потенцијално бесконечни нови форми за неговите следбеници. Најавува лансирање на две нови услуги на неговата нова веб-страница: Кога ви е преку глава од нешто, можете да кликнете  и да препродавате, или, да работиме со вас за да го преработиме во она што што сакате. Палтото може да стане фустан. Фустан може да стане кошула. Кошула може да биде панталона. Купувачите ќе добијат целосно документирани записи за тоа од каде потекнува нивната облека и како била менувана.

Додека сето тоа трае, Duran Lantink се подготвува да ја започне својата прва соработка во доменот на креирањето накит, каде што за прв пат ќе се сретнат Cartier and Tiffany & Co./М.М.

Duran Lantink

Duran Lantink

Duran Lantink

Duran Lantink

Duran Lantink

 

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.