Новата есенско/зимска колекција едновремено означува и ново поглавје за Dunhill со кое, низ комбинација на традиција и иновации, се редефинира и осоврменува врвната британска машка мода.
Колекцијата на Dunhill ја редефинира вечерната облека со беспрекорен спој на класично британско кроење и модерна софистицираност. Црпејќи инспирација од холивудскиот гламур, особено од култниот Truman Capote црно-бел маскенбал од 1966 година, креативниот директор Simon Holloway повторно го преобмислува богатото модно наледство.
Колекцијата ја слави безвременската елеганција на британската вечерна облека, со истакнати парчиња како што е полноќната сина јакна со шест копчиња, од волна и кашмир. Овој дизајн, кој се одликува со оригинални ревери и иновативната Bourdon силуета, нуди современ изглед, едновремено зачувувајќи ја прославената изработка на Dunhill.
Комплетирана со луксузни додатоци како кадифени влечки, чевли од ткаенина како килим, вечерни свилени шалови и извезени детали. Иконските мотиви, како што е Tweenie ѓаволот од старите каталози на Dunhill, се беспрекорно вклопени во дизајните.
Сликите на пригодната кампањата ја оживуваат визијата на Holloway, со модели поставени покрај стари автомобили, евоцирајќи го гламурот на маскенбалот на Capote. Фините детали, од рачно шиени везови до папучи со геометриски дезен, ја истакнуваат извонредната изработка што ја дефинира целата колекција.
Истражете ја колекцијата на dunhill.com.
More in:Мода
Elie Saab: 45 години магични модни приказни
Elie Saab, либански дизајнер кој успешно го премостува јазот помеѓу традицијата и модерноста и создава ...
Празнично со Ralph Lauren – класично, носталгично
Американскиот бренд Ralph Lauren останува посакуван повеќе од половина век: безвременскиот, класично американски стил со, во ...
Невестинските couture фустани на Vivienne Westwood
Невестинската couture колекција на Vivienne Westwood за 2025 година, со само девет фустани, го истакнува ...
Victoria’s Secret 2024 – Повторно на писта
Во вторникот вечерта, модното шоу на Victoria’s Secret по едно откажување и шестгодишна пауза, ги ...