Dreamachine е инсталација која на посетителите им овозможува „живописно визуелно искуство“ со затворени очи. Еден од креаторите на Dreamachine е Архитектонското студио Assemble и таа ќе биде дел од фестивалот Unboxed: Creativity in UK. Евент продукцијата Collective Act, која работи на промоцијата, го претставува Dreamachine како уметничка инсталација во која треперењето на светлата се користи за создавање разнобојни обрасци зад затворени очни капаци.

„Употребата на треперлива светлина за создавање живописни визуелни искуства може да се следи уште од античките цивилизации, кога заедниците се собирале околу огновите“, велат во Collective Act.
„Денес овој феномен на истражувачите им е познат како „стробоскопски индуцирани визуелни халуцинации“ – со што се обезбедува научната основа на Dreamachine проектот.


Dreamachine е уметничка инсталација што посетителите ја доживуваат додека нивните очи се затворени. Посетителите влегуваат во просторија дизајнирана од лондонското архитектонско студио Assemble, добитник на Тарнер наградата и како што се релаксираат, пулсирачките светла, проследени со музика, се движат низ просторијата, со што се стимулира оптичкиот нерв, предизвикувајќи анимирани, калеидоскопски обрасци на бои зад нивните очни капаци.
Dreamachine е базиран на инсталација што уметникот Brion Gysin ја осмислил во 1959 година. Оригиналниот уред се состоел од цилиндар со дупки исечени на страните во кој бил поставен светлосен уред. Додека се врти, се проектира светлина со брзина што одговара на музиката и на брановите присутни во мозокот за време на релаксација.


„Дизајниран да биде „прво уметничко дело што може да се доживее со затворени очи“, Gysin имал визија со инсталацијата да го замени телевизорот во секој дом во Америка“.
Collective Act соработуваше со научници и психолози од универзитетите во Сасекс и Глазгов за да ја создаде уметничката инсталација, за откривање на моќта на нашиот сопствен ум и нашата свест.
„Dreamachine е нов вид на извонредно моќно искуство кое го истражува неограничениот потенцијал на човечкиот ум“, велат во Collective Act. „Тимот ја истражува идејата дека треперењето на светлата наметнува „отчук“ на ритамот на мозокот, сличен на „алфа“ брановите – состојба на мозокот што нормално се поврзува со релаксација“./М.М.

You may also like

Comments are closed.