Новата колекција на Donna Karan, „Summer Ease“, според белешките на брендот, е фокусирана на облекување без напор, на парчиња направени од лесни, природни материјали, совршени за сезоната.
Колекцијата нуди нови интерпретации на класични силуети, нагласувајќи ја леснотијата и удобноста на облеката создадена од квалитетни материјали.
Колекцијатаа е збогатена со модни додатоци, со посебен акцент на кожни чанти во пастелни боји, дизајнирани да бидат практична и стилска поддршка на секојдневието.
Donna Karan е американска дизајнерка која веќе половина век е на модната сцена со колекции кои, освен квалитет, нудат и секогаш нови видувања на класичната мода./М.М.
Деталите за колекцијата, како и за тековните распродажби се на следниот линк: ttps://www.donnakaran.com