
Dario Vitale ќе ѝ се придружи на модната куќа Versace како нов главен креативен директор.
Donatella Versace, сестрата на основачот на Versace, Gianni, го напушта креативното водство на италијанската модна куќа. Дизајнерката, која го предводеше брендот како главен креативен директор по смртта на братот, во 1997 година, од први април ќе биде главен амбасадор на брендот.
Во новата улога, Donatella ќе ги поддржува филантропските и добротворни потфати на Versace, останувајќи глобален застапник за брендот. Во соопштението за печатот издадено од матичната компанија на Versace, Capri Holdings, Donatella се заблагодари на дизајнерскиот тим и на вработените, додавајќи дека најголема чест во нејзиниот живот била да го носи наследството на нејзиниот брат Gianni. Тој беше вистински гениј, но се надевам дека имам дел од неговиот дух и истрајност. Во мојата нова улога, како главен амбасадор на брендот, ќе останам најстраствениот поддржувач на Versace. Versace е во мојата ДНК и секогаш во моето срце, изјави Donatella.
Доаѓањето на Dario Vitale на челната позиција во Versace, дополнително ги поттикнува гласините за скорешно преземање на Prada. Имено, Dario Vitale е поранешен директор за дизајн и имиџ на Miu Miu, бренд кој е во портфолиото на Prada Group, со што најверојатно јавноста постепено се воведува во преземањето на Versace.
Во пригодната изјава Vitale рече: „Versace има уникатно наследство кое се протегало со децении и ја обликувало историјата на модата. Сакам да искажам искрена благодарност до Donatellа за нејзината доверба во мене и за нејзината неуморна посветеност на извонредниот бренд што денес е Versace. Привилегија е да придонесам за идниот раст на Versace и на неговото глобално влијание“./M.M.