Irina Shayk е водечки модел во најновата рекламна кампања на Dolce&Gabbana, насловена како Il Pranzo, во која низ кус моден филм е претставена новата декоративна козметика на италијанскиот бренд :
https://www.youtube.com/watch?v=kgfZYH1tdXg

Супер моделите Irinа Shayk и легендарната Jerry Hall го предводат овој кинематографски проект, заедно со импресивна екипа во која се и ќерката на Hall, Georgiа May Jagger, Sasha Kvimbi, Nyagua Ruea, Felis Nurdhof, Kare Otis и Kloe O.

Во новата кампања на D&G, Irina го одразува оној толку посакуван женствен идеал кој модната куќа со децении го негува. Куќата ја слави женственоста која е едновремено гламурозна и приземна. Се чуствува футуристичкиот призвук, заедно со традиционалната естетика која го претставува beauty светот на D&G.
Познатиот фотограф Steven Klein стои зад објективот, внесувајки го својот препознатлив стил во фотографиите и во кусиот филм. колекцијата е фокусирана на есенцијални производи како пудер, маскара, руменила, производи за усни и кармини за да се креира изглед на италијанско поимање на заводничка.
Колекцијата, под стилската палка на Karine Rojtfeld, донесува впечатлива шминка во која доминираат очите и црвените усни. Стилистите Julien D’Ys и Yadim создаваат приказна, обликувајќи ги фризурите и шминката на моделите, со кои се потенцира безвременската елеганција на Dolce & Gabbanа./М.М.

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.