На модната ревија на Dolce & Gabbana за пролет/лето 2025 година, дизајнерите Domenico Dolce и Stefano Gabbana претставија колекцијата инспирирана од холивудските русокоси како Marilyn Monroe, Monica Vitti и Marlene Dietrich. Со платинести перики, пин-ап фустани и крути градници, колекцијата му оддаде почит на златното доба на Холивуд, прославувајќи ја модата како простор за забава и фантазија.
Ѕвезда на шоуто беше Madona, присутна во публиката, чиј изглед дополнително ја зацврсти темата на колекцијата. Madona ги поздрави дизајнерите по ревијата, коментирајќи дека „сака сè“ од парчињата инспирирани од градникот од нејзината турнеја Blond Ambition.
Градниците во форма на конус станаа централен мотив на колекцијата, појавувајќи се под класичните палта, како дел од коктел фустаните и на прецизно скроените смокинг јакни. Колекцијата зрачеше со носталгичниот дух од минатите децении, но најде место во современиот моден пејсаж.
Dolce & Gabbana, во пресрет на 40-годишниниот јубилеј на брендот, преку оваа колекција го оживуваат духот на стариот холивудски гламур, поканувајќи ги сите жени да го доживеат момент на црвениот ќилим./М.М.