Инспирирани од „врската помеѓу бразилските лесни летни вибрации, со италијанската бујна креативност“, бразилскиот бренд за обувки Havaianas и италијанската модна куќа Dolce & Gabbana создадоа летна унисекс колекција.
Секој производ се одликува со испечатена кадифена завршница на ремените, метално лого Havaianas и ексклузивна бисерна игла од Dolce & Gabbana. Производите го следат типичниот стил на Dolce & Gabbana, прикажувајќи спој на мат ламинација, металик принтови и златни детали.


Колекцијата е во ограничено издание и, како што се наведува во промотивното соопштение, Dolce & Gabbana x Havaianas флип-апостолките се продаваат по цена од 139 долари, на Dolcegabbana.com, Havaianas.com, како и во продавниците на Havaianas./М.М.

You may also like

Comments are closed.