Dior

Eden Roc, новиот мирис од La Collection Privee, на Christian Dior, претставува омаж на хотелот Cap Eden Roc на француската ривиера.

Eden Roc го создавав замислувајќи доаѓање на море. Сонце, сол, светло обоен камен, многу зеленило… во прашање е мирисна визија на овој простор, објаснува главниот парфимер на Dior – Francois Demachy. Мирисот е жив кога се носи, како што едно место е живо додека во него се живее. Така и хотелот Cap Eden Roc уште долго ќе живее.

Dior

Евоцирајќи возвишени чуства, парфемот претставува мирисна визија што асоцира на Средоземјето. Со цветно-дрвена база, парфемот е акцентиран со бело крајбрежно цвеќе и повеќе ароматични ноти што ја надополнуваат силината на чуството на едно мирисно доживување на морето на француската ривиера.

Деталите за La Collection Privee Christian Dior Eden Roc се на следниов линк. https://www.dior.com/en_us/products/beauty-Y0996065-eden-roc-fragrance/M.M.

Dior

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.