Реклама за Dior, објавена на LinkedIn од David Blagojević (@davinci_production) привлече големо внимание на маркетерите ширум светот. Не се работи за лажна реклама, како што некаде е објавено, туку за транспарентен обид на продукциска компанија да ги помести границите на она што е можно кога се користи вештачката интелигенција за создавање реклами.
Не сме поврзани со Dior, а ова видео е целосно некомерцијално, произведено како демонстрација на потенцијалот на вештачката интелигенција во огласувањето, се вели во изјавата на DaVinci Production. Поединците кои се појавуваат во ова видео не се реални; тие се генерирани од вештачката интелигенција, Силно веруваме во заштита на правата на познатите, чиј лик може да се користи во огласувањето. Се залагаме овие поединци самите да имаат можност да одлучат дали нивниот лик може да се користи, со соодветна компензација, или пак воопшто да не се дозволи таквата употреба, истакнуваат од DaVinci Production. Посветени сме на изнаоѓање фер и етички пристап кој ќе го почитува нивниот избор. Како што влегуваме во нова ера на технологија и маркетинг, треба да бидеме одговорни во обликување на иднината.
Пренесуваме некои од коментарите на професионалците:
„Направена е апсолутно брилијантна реклама за можностите на AI преку рекламата за Dior, со антички грчки и јапонски инспирации, направени со етерична убавина. Со 13.212 генерирани слики, совршено е доловен стилот и мисијата на Dior, што резултира со неверојатен приказ на потенцијалот на вештачката интелигенција во рекламирањето на луксузни брендови„.
„Делото на David Blagojević е извонредно – со AI направената рекалма за Dior навистина го привлекува вниманието и отвора бројни нови теми „Античките грци и јапонските инспирации со етерична убавина во ова прекрасно видео користат 13.212 генерирани слики за совршено да ја доловат суштината и естетиката на брендот на Dior„
Процесот на создавањето подразбирал работа од 29 дена и генерирање на 13,212 слики со помош на вештачка интелигенција. Вниманието на светската огласувачка јавност, како и дискусијата за вештачката интелигенција, етичките прашања и импликациите врз модната индустрија во целина, говорат за отворање на бројни, сериозни прашања на кои допрва ќе треба да се изнајдат вистински одговори./М.М.