Blumarine

Од многуте нијанси на современата женственост Blumarine ги издвојува сензуалноста, романтизмот и заводливоста. Им ја додава и храброста и решителноста, за да биде единствена, токму каква што е и розата – со толку интерпретации, колку што има латки розата.

Жената и розата откриваат бесконечни нијанси на двата возвишени израза на природата.

На таа мистерија, што ги обединува двата симбола кои имаат привлечност на желба и предизвик на опасноста, Blumarine го посветува својот нов мирис: Dange-Rose.

Blumarine

Blumarine Dange-Rose го опишува мирисот како мешавина на три состојки во композицијата – розата на Versailles, цветот на босилек и мистичните дрвенести ноти.

Во Dange-Rose неговиот создавач, Pierre-Constantin Gueros за прв пат ја комбинира силата на розата на Versailles, со ароматичниот цвет на босилек. Резултатот, без преседан, е апсолутна новост во светот на парфемите и тоа го издвојува и карактеризира Dange-Rose на Blumarine./М.М.

You may also like

Comments are closed.