Parfum Homme е ДНК на брендот, изразен низ неговата суштинска елеганција, преставува апсолутна чистота на материјалите и единствениот софистициран дизајн на Made in Italy.
Метрополискиот и космополитски дух на CoSTUME NATIONAL HOMME Parfum оддава зрак на совршенство и префинет стил. Совршен баланс помеѓу креативниот и авангардниот пристап и чистотата на модерните линии, во сензуална хармонија.
CoSTUME NATIONAL HOMME Parfum содржи сировини со апсолутен квалитет и висока концентрација, слични на екстракт на парфем. Свежината на лимоновите ноти, цитронот и масло од бергамот, совршено со мешаат со зачинетите екстракти од кардамом. Во средните ноти е интензивниот цимет комбиниран со екстракт од ветивер, засладен со деликатни ноти на масло од пачули. Базичните ноти сочинуваат дрвенести коктел од мошус, сандалово дрво и лабдамун.
CoSTUME NATIONAL HOMME Parfum е создаден за динамичниот, љубопитен патник на животот, истражувач кој сака да доживува, а вродената страст за убавина му дава одличен дар на запазување детали. Секогаш во потрага по извонредност, се идентификува во својот избор кој е јасно изразен. Секој детал се одликува со континуирано истражување на стилот и убавината. Безвременски шарм, префинета елеганција.