Со лансирањето на Comète, Chanel воведува ново поглавје во колекцијата LES EXCLUSIFS De Chanel. Оваа извонредна олфакторна линија, олицетворение на парфимерската уметност, се одликува со благородни состојки. Секој парфем во колекцијата открива аспект на личноста на Gabrielle Chanel, раскажувајќи фрагмент од нејзиниот живот, следејќи ги контурите на нејзините дизајни или илустрирајќи симбол кој влијаел на нејзиното животно патување.
Најновиот додаток, Comète, ја отелотворува мистеријата, елеганцијата, совршенството и смелоста.
Како 19-то миризливо ремек-дело во оваа ексклузивна колекција, Comète истражува нов ароматичен идентитет – интензивно цветен и прозрачен, раскошен и прашкаст, софистициран и сложен. Овој мирис е чудо во соѕвездието на LES EXCLUSIFS DE CHANEL, симболизирајќи оптимизам и славејќи ја исклучителната изработка на парфимерот Chanel.
Comète од Chanel е цветен парфем за жени. Тоа е нов парфем, лансиран во март годинава, од парфимерот Olivier Polge. Горните ноти на Comète се од цвет на цреша и алдехиди, средните ноти – ирис и хелиотроп, а основната нота е мошус. Се расплетува, според Chanel, како универзум на миризливи чуда, поканувајќи ги сите да тргнат на волшебно сетилно патување./М.М.