Со моделите за плажа ( и линијата костими за капење) Christopher Esber веќе неколку години привлекува големо внимание и бројни купувачи на големите платформи за малопродажба.
Имало ограничувања или не, во главата на Christopher Esber е секогаш летото, тропските предели, како Јамајка или Хаваи – што и најмногу помогнало да остане фокусиран додека ја дизајнира и најновата, пролетно-летна колекција.
Спојувајќи го одморот како повод, Esber за ова лето користи сложени техники на врзување за да им дозволи на некои парчиња да бидат пријатно лелеави иако се изработени од волна и спандекс. Највпечатливи се парчињата во две бои, сива и бела, со бројни ленти и копчиња – за летните денови исполнети со сонце и море.
Откако го основа својот бренд во Сиднеј, Esber изгради и глобална репутација на дизајнер кој ги знае и применува тајните на кроењето, дека создава силуети на структурирана флуидност. Јас дизајнирам за жена која ја сака модата, но не и се предава, вели дизајнерот./М.М.