МодаТрендови

Christian Dior за есенва е навраќање на италијанскиот аспект на Maria Grazia Chuiri

Christian Dior

Есенската колекција за висока мода на Christian Dior на Maria Grazia Chuiri претставува своевиден емотивен одговор на условеноста но и на независноста на модата и на сите луѓе кои работат на создавање на потребните материјали. По три сезони без вистинска модна ревија, таа е мотивирана повторно да се поврзе со создавачите: со оние кои рачно изработуваат неверојатен текстили, а без кои висока мода не би можела да постои.

Christian Dior

Можеби затоа во колекцијата е застапен твидот, заедно со прекрасни рачно изработени апликации, како и везови на свила, како  дел од високата мода во пост-пандемиската економија. Така исто направи и Christian Dior, посочуваат хроничарите,  со подигнувањето на потрошувачката на мода во повоените години.

Фокусот на колекцијата е на дневната облека, на изгледи од сив твид или кашмир, како сеќавање на долгите прошетки низ природа во време на изолацијата. Моделите се во рамни чевли за пешачење, со порака дека можеби ковид приказната сеуште не е завршена – каков што е сега случајот со Индија.

Christian Dior

Воочливо е и навраќањето на личниот, италијански аспект на Chiuri, со полу провидни и деликатно стегнати изгледи, воглавно рачно плетени со свилени конци, за да се нагласи романтичната нота на колекцијата.

Иако е можеби рано да се говори за целосно враќање на високата мода – сепак, палтата од кашмир и потенцијалните избори за зимски свадби и специјални настани – можат да бидат своевиден економски стимул. Тоа е и пораката на колекцијата наменета за есенва./M.M.

Christian Dior

Christian Dior

Christian Dior

Christian Dior

Christian Dior

Christian Dior

Christian Dior

Christian Dior

Christian Dior

Christian Dior

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.