Chanel

Уметничката директорка на Шанел, Virginie Viard за промоција на последната колекција го одбра легендарниот ноќен клуб Chez Castel, славно место за забава од 1960-тите, па и деценијата потоа.  Особено и се допаѓаше идејата девојките од Шанел да се спуштат по славните тесни скали на клубот со своите огромни мантили, за потоа да ги остават во салата, за да ги покажат малите шик фустани. Дури и бушавите чизми се покажаа како двослојни, така што, кога ќе се отстрани горниот дел, се откриваат елегантни чизмички.

Chanel

Chanel

Во фустаните Виард, низ целата колекција се споени цврстиот твид и кревкиот шифон, инспириран, како што објасни таа, од легендарниот стил на покојната Стела Тенант, многу години модна икона на Шанел.

Chanel

Колекцијата обилува и со „скијачки дух“: норвешки џемпери, обемни пуфери и скијачки панталони, со кратки исечени стилизирани јакни. Инспирација за модните парчиња се и колекциите на Шанел од 1985 и од 1994 година, со за тоа време карактеристичната шминка и фризура.

Chanel

Париската ноќ, во некогаш славниот клуб, сега по повод Шанел колекцијата за наредните есен и зима, е на следниов линк:

 

More in:Мода

You may also like

Мода

Zimmermann rezort 2023

Nicky Zimmermann неделава ја претстави својата колекција за на одмор, за наредната – 2023 година. ...
Мода

Афродизијак од Tony Ward

Либанско- италијанскиот дизајнер Tony Ward својата есенско/зимска колекција ја наслови со прашањето: Каде е Афродита?, ...

Comments are closed.