За својата Cruise 2023 колекција, Chanel се враќа во Монте-Карло, инспириран од релаксираната атмосфера и блесокот на медитеранско сонце на Монако. Генерално, колекцијата асоцира на безгрижно лето исполнето со денови со брод, ноќи на плажа и коктели покрај базен. Virginie Viard во колекцијата го внесува духот на софистицираност и слобода што се чувствуваат на француската ривиера.
„За мене Монте Карло е едно од тие посебни места, вели Virginie Viard. Тоа се Karl, Caroline, Charlotte. Од секогаш чуствував дека овој простор е посебно инспиративен.
Љубовната на Chanel кон Монако е започната пред повеќе од 100 години, кога Gabrielle Chanel првпат ја инспирираа прекрасните пејзажи и атмосферата за која таа вели дека е „je ne sais quoi„. Години потоа поврзаноста со просторот ја потенцираше и Karl Lagerfeld.
Chanel Cruise 2023 е колекција подготвена за носење во која се спојуваат спортската гардероба и чуството за елеганција. Содржи и класичен Chanel твид, свила, па дури и фротир. Боите и принтовите ја следат европската опсесија кон мото-спортот (црвена, црна, бела и карирани црно/бели дезени), па дури и кај некои од силуетите се чувствува истата инспирација. Цветните принтови се спротивставени на спортското чувство, давајќи ѝ на колекцијата женствен допир, што и се очекува од Chanel.
Што се однесува до чантите, Chanel во колекцијата се потсетува на оние на Karl Lagerfeld, секако низ современа призма, во која се користи и обликот на тениски рекет.
Во изобилството на мини и микро чанти, потенцирана е грижата за сместување на мобилините телефони кои треба да се на сигурно, благодарение на Chanel./М.М.