Céline Dion поддржува New World Order (Нов светски поредок) преку Celinununu, нејзина фирма која продава детска облека во која сината и розевата се протерани, а на нивно место се дезени исполнети со крстови, черепи и хорор цртежи на вонземјани! – По скандалот на Balenciaga, Celine Dion и Celinununu се пред ново читање на јавноста.
На страната на Celinununu на инстаграм (сајтот на Celinununu е неодамна згаснат?) се редат слики на деца во облека која, во најмала рака, се опишува како особена, додека за Céline Dion, пејачката и сопственичка на брендот, таа припаѓа на новиот поредок! Детската облека, во која сината и розевата се протерани, а на нивно место се дезени исполнети со крстови, черепи и хорор цртежи на вонземјани!
Celinununu е фирма создадена пред четири години од Céline Dion и компанијата nununu, на дизајнерите Iris Adler и Tali Milchberg. Тие, се вели во преставувањето, се обединуваат затоа што: „Модата има моќ да ги обликува умовите на луѓето. Брендот ги инспирира децата да бидат слободни и да ја пронајдат сопствената индивидуалност„.
Таа инспирација и слобода во пронаоѓањето на индивидуалноста, според преставената детска облека, се однесува и на деца помали од една година. За каква слобода во пронаоѓањето на индивидуалноста станува збор, веројатно,само пејачката знае.
Во канадскиот магазин, по повод основањето на Celinununu се посочува дека „ Celine Dion и модните дизајнерки Iris Adler и Tali Milchberg, ко-основачи на глобалниот детски моден бренд NUNUNU, соработуваа за да го создадат CELINUNUNU.
Овој нов детски моден бренд ги ослободува децата од традиционалните улоги на момче/девојче, нудејќи им слобода да изберат облека што ја зајакнува нивната моќ на личноста, уште од нежната возраст. CELINUNUNU го всадува концептот дека сè е можно, функционирајќи на начин што ги раствора разликите, замаглувајќи ги границите, правиејќи ги поделбите сосема безначајни„. https://www.iloveplaytime.cn/fr/magazine/voice/celine-dion-and-nununu-launch-a-new-brand-celinununu
На оваа и повеќето слични изјави што тогаш, а и потоа ги промовираше Celine Dion, а сооглед на тоа што е од католичка вероисповест, се огласија и од црквата.
Монсињор John Esseff, со повеќе од 40 години искуство, во интервју за National Catholic Register, изрази згрозеност поради „родовата работа“ која ја смета за „демонска“. Тој вели: „Јас дури и незнам колку полови (според пејачката) сега би требало да има, но има само два што ги создал Бог…
Сепак, Celine Dion и Celinununu, на инстаграм остануваат на истото:„Модата има моќ да ги обликува умовите на луѓето. Инспирирајте ги вашите деца да бидат слободни и да ја пронајдат својата индивидуалност преку облеката.
Така, Celine Dion и Celinununu, по скандалот на Balenciaga, се пред ново читање на јавноста.
Netizens го споредуваат Celinununu со Balenciaga.
Коинцидентно или не, непосредно потоа пејачката објави дека има невролошка состојба што влијае на нејзината способност за одење и „не ми дозволува да ги користам гласните жици„.
Интернет корисниците се особено алармирани да ја погледнат нејзината реклама на инстаграм, слична на онаа на Balenciaga, во која таа носи облека токму од Balenciaga. /М.М.