Aerin Cedar Violet, новиот женски мирис на брендот на Aerin Lauder, претставува ода за дивината на Adirondacks, каде што шумите ги покриваат планинските врвови и долини, а остриот воздух ги оживува телото и духот. Овој дрвенесто цветен мирис има луминисцентен квалитет, поврзувајќи се со природата преку светли врвни ноти на виолетови лисја и сладок Muguet. Во срцето на парфемот е  златната гарденија и лисјата на јасмин, а во основата  богатство на Амбер, Сандалово дрво и Вирџинија Кедар. Парфемт доаѓа во пакување создадено од Helen Dealtry, што совршено ја доловува палетата на бои и расположението на Adirondacks. https://www.aerin.com/cedar-violet/21210002.html

Aerin Lauder , е ќерка на милијардерот Ronald Lauder и внука на Estée Lauder која, пред да ја создаде сопствената модна куќа Aerin, две децении има работено во Estée Lauder компанијата.

Aerin е глобален луксузен бренд, инспириран од стилот на основачот, Aerin Lauder. Врз основа на премисата дека убавото живеење треба да биде без напор, брендот развива колекции за убавина, модни додатоци и домашен декор. Со страст за уметност, патувања, мода и дизајн, како и сопствениот начин на живот на Аерин служат како фокусна точка на инспирација за брендот. Класично, но секогаш од современа гледна точка, секое парче е создадено за да го направи животот поубав, со чувство на леснотија и префинетост./M.M.

You may also like

Comments are closed.