Доколку вашето кученце има рафинирано непце, неверојатно чувство за мирис и е многу добро момче или девојче,  Busch Dog Brew нуди работа за 20000 долари и бонус пакет…Огласот е објавен на следниоб линк https://www.anheuser-busch.com/newsroom/2021/04/busch-beer-wants-to-hire-your-pup-as-the-brands-first-ever-chief-tasting-officer.html

Пиварата Busch бара директор за дегустација, а за позицијата е подготвена да плати 20.000 долари, со осигурување на кучето и бесплатен Busch Dog Brew пијалак за идеалните кандидати.

Во описот на работното место е наведено дека избраното куче треба да придонесе кон проширување на портфолиото за вкусови на Dog Brew, да ги дегустира новитетите и да биде амбасадор на производите. Меѓу производите е и првото, секако безалкохохолно, пиво за кучиња.

Во описот стои и дека: „За да добие работа, вашето куче мора да има рафинирано непце, неверојатно чувство за мирис и мора да биде многу добро момче или девојче“.

Брендот објави и спот за оваа позиција, во кој еден од директорите му вели на кучето: „Твојата единствена одговорност ќе биде да управуваш со одличниот вкус на Busch, да истражуваш нови вкусови и да ги водиш твоите проекти. Како што лаеш, така и ќе гризеш! “.

 

Лансиран во август минатата година, Busch Dog Brew е хит пијалок за домашните миленици од август лани, кога и е претставен на американскиот пазар. На кученцата им се нудат специјално дизајнирани специфични пијалоци./M.M.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.