Во најновата пролетно/летна камапања на Burberry, освен Irina Shayk, пред објективот на Mert & Marcus настапуваат и Mona Tougaard, Rianne van Rompaey, Paula Rudevica, Chu Wong, Maria Keidj, како и Chisom Okeke. Меѓу моделите најчести се класичните изгледи од педесетите по кои инаку брендот е и најмногу познат.

Најновите модели на британската модна куќа предизвикуваат силни чуства на познатите, актуелни теми како: моќта на слободата, самоизразување, како и желба на забавите да се игра до раните утрински часови.

Модните додатоци го дополнуват изгледот – особено чантите во различни бои и форми. Обувките за пролетната сезона, можат да бидат мокасини, чизми, па дури и сандали.

„Ревиите за машка и женска облека за пролет/лето 2022 година ја имаат оваа посебна енергија што беше во контраст со навистина прекрасните звучни пејзажи“, се посочува во соопштението за медиумите. Како што излегуваме од карантинот ширум светот, кампањата има за цел да ги натера луѓето да почувствуваат нешто, да се слободни да сонуваат, да се чувствуваат младешки и повторно живи. Тоа е како своевидно будење./М.М.

 

 

 

More in:Мода

You may also like

Модни додатоци

Balmain B-Buzz

Италијанската модна куќа Balmain годинава ја започнува со нова колекција на чанти, наречена B-Buzz, наменети ...

Comments are closed.