Вucket bag има фасцинантна историја која ја отсликува нејзината еволуција од утилитарен додаток до модна икона. Со потекло од почетокот на 20 век, овие чанти првично ги користеле работниците па, соодветно на потребите, биле изработени од издржливи материјали.
Во 1930-тите, Noé чантата на Gaston-Louis Vuitton означува пресвртница, иако била дизајнирана за во неа да се носат стилски шишиња шампањ. До крајот на 1940-тите, чантата налик на кофа се претвора во моден предмет и има карактеристично затворање со врвки. Во 1980-тите доживува нова ренесанса, со смели дизајни и живописни бои.
Денес, чантата налик на кофа останува сакан додаток, отелотворувајќи едновремено и стил и функционалност.
Некогаш едноставните торбички што се затворале со врвки во јазли, во колекциите за пролет/лето 2025 година имаат модерни интерпретации на класичната силуета. Prada и Chanel ставаат печат и лого на своите редизајни на познатата чанта; Gabriela Hearst го ремиксира познатиот дизајн со тркалезни прекрасни рачки, додека колекцијата на Zimmermann за пролет 2025 година, претставува чанта чии набори се испреплетени со монистра.
Новите силуети се освежувачки уникатни, од структурираните дизајни на Toteme, до асиметричниот крој на чантата на Jacquemus.
Варијациите во големината се дополнителен детал што го прави тренд дизајнот вреден за носење и многу подолго од првата половина на идната, 2025 година./М.М.

You may also like

Comments are closed.