Bril е ново средство за дезинфекција на четкичката за заби што користи клинички докажана технологија на UV-C светлина за да убие 99,9% од вирусите и бактериите кои живеат на влакната на четката за заби.

Се работи за пренослива футрола – стерилизер која ги убива бактериите на молекуларно ниво, со уништување на нивната ДНК по секоја употреба. Оваа длабока стерилизација од 360º се користи во професионални услови, како на пример во болниците.

Футролата обезбедува постојана заштита на четката за заби, чувајќи ја од акумулација на бактерии и кога не се користи.


Луѓето понекогаш се разболуваат без да ја знаат причината, неземајки го предвид валканиот базен на бактерии што од четката за заби секојдневно наоѓа директен пат до устата.
Bril овозможува четката за заби при секое миење да е целосно чиста – како сосема нова./М.М.

You may also like

Comments are closed.