Со микс на класични текстури и неутрални нијанси, Brandon Maxwell претстави лична, интимна, но и подеднакво класично нежна колекција за сезоната есен/зима 2022 година. Личното и интимното се однесува на неговата баба, неговата“Mammaw” Louise.
Сакав да направам нешто што нема да се повтори и јас ќе бидам среќен поради тоа, изјави Brandon Maxwell. Колекцијата FW22 е вежба за конфронтација, прифаќање, почит и наследство, една животна приказна за љубовта кон облеката на дизајнерот, создадена токму благодарение на гардеробата на неговата баба и нејзините учења.
Облеката на Mammaw, а особено онаа за во продавницата што таа ја водеше, ме научија на форми што сакав да ги носам и развивам понатаму. Толку многу ми се допаѓаше таа идеја, што ја направив мој животен повик, истакнува Maxwell.
„Мислам дека за мене оваа колекција претставува back-to-roots“, објасни Brandon Maxwell, додавајќи дека многу од елегантната, еснафски скроена облека на колекцијата, како и романтичните вечерни силуети и дезени се вратени од неговата прва и втора колекција. Поминав низ многу работи во последните две години од мојот живот и ова беше реално за мене, ова сум јас, посочува дизајнерот.
Романтичното, меланхолично расположение на презентацијата беше неверојатно трогателно, а размислувањата за минатото и силната семејна љубов одекнуваше многу подалеку од самата облека.