Bobe's bakery

Bobe’s bakery

 

Потребни се следниве состојки:

400 гр тенки кори,

100 гр. растопен путер,

шеќер во прав и цимет.

За филот се потребни:

0.5 мл. млеко,

едно јаце,

две пакувања ванилин шеќер,

100 гр. нишесте,

180 гр. шеќер.

Bobe’s bakery

Подготовка:

Првин се  подготвува филот за да се олади. Во сад се мати јајце, се додаваат ладно млеко, шеќер и  нишесте се додека не се добие смеса без грутчиња. На оган, на средна температура се става останатото млеко и шеќерот. Кога ќе почне да врие постепено се додава кашата, со непрестано мешање. Се меша уште десетина минути за да згусне кремот. Се додава ванила шеќерот, се тргнува од оганот,  да се олади.

Во намастена тава се редат седум кори една врз друга, секоја кора убаво се премачкува со путер. Се става кремот од ванила и рамномерно се распоредува. Краевите од корите се виткаат над филот и се премачкуваат со путер. Над нив се редат уште пет кори, секоја премачкана со путер и со свиткани краеви кон средината на тавата. Се премачкува со растопени путер и се става да се пече 25 минути во загреана рерна на 200Ц.

Врз оладената пита се ставаат шеќер во прав и цимет, за потоа да се сече за послужување. Наздравје!

Bobe’s bakery

You may also like

Comments are closed.