Boucheron во најновата колекција накит скапоцените метали ги нанесува на керамика и кристални карпи, на високи темепатури, за да се добијат холографски нијанси.
Одамна воспоставената репутацијата на Boucheron за техничко мајсторство во обединувањето на авангардни дизајни, се потврдува и во најновата колекција накит во боите на виножито.
Во колекцијата, која освои награда за Best Technical Triumph на Wallpaper’s Design Awards 2021, Boucheron созаде гердан од титаниум, како и прстени од златото и среброто споени со карпест кристал, така што ги става скапоцените метали на високи температури и ги прска врз керамика и кристали, ослободувајќи нови магични нијанси.
Claire Choisne, креативната директорка на Boucheron истакнува дека создава виножито во парчињата накит, а дека експериментира заедно со уметникот Olafur Eliasson и архитектот Luis Barragán.
Новата колекција содржи 25 парчиња оригинален магичен накит./М.М.
Деталите се на https://www.boucheron.com/en/high-jewelry/collections-carte-blanche/holographique#chromatique