Boss The Scent Elixir For Her од Hugo Boss е ориентален цветен женски мирис. Се работи за концентрирана верзија на оригиналниот BOSS The Scent for Her, лансирана за празничната сезона. „Носот„ зад овој мирис е Louise Turner. Горната нота е розев пипер; средната нота е Беладона, а основната е килибар. Високата концентрација на мирисни масла, дури 25 проценти, овозможува исклучителна издржливост на парфемот на кожата и остава впечатлива трага – како своевидна мирисна аура за паметење.
За Boss The Scent Elixir For Men Parfum Intense постои слично толкување: ориентален и ароматичен мирис, со многу карактеристичен и машки пименто акорд. Новиот Elixir донесува побогата, поинтензивна интерпретација, осмислена да ја нагласи смелоста и заведувањето.
Со ова најново дополнување на колекцијата парфеми Hugo Boss не само што ја надополнува и освежува својата препознатлива колекција, туку и ја крева на нови нивоа на софистицираноста. Elixir е создаден за оние кои бараат мирис што ќе ги издвои и дополнително ќе ја нагласи нивната индивидуалност./М.М.

You may also like

Comments are closed.