Во мистериозна нарација, замислена од Alessandro Michele, пејачката и текстописец Billie Eilish новите очила за сонце на Gucci ги носи низ ноќниот живописен пејзаж на Холивуд Хилс, на Лос Анџелес. Приказната на кампањата кулминира со средба во која се вклучени два винтиџ автомобила, два типа на очила за сонце и две верзии на Billie Eilish.
Една иста, но сепак различна, прикажува како очилата, исто како и автомобилите, можат да рефлектираат нечија слика на поинаков начин.
Кампањата се приклонува кон ноар филм жанрот, со неурамнотежени композиции и осветлување со висок контраст. Во рамките на наративот Billie Eilish со секој пар очила открива различна намера, мотивација и аспект на личноста.
Пеачката има реализирано повеќе модни соработки со Gucci, така што освен оваа кампања, во моделите на брендот таа се појави и на црвениот тепих на Мет Гала, како и на доделувањето на Оскарите./М.М.