Swarovski подготвено ја пречекува сезоната на празниците: колекциите се пополнети, рекламната кампања е веќе во медиумите, а како шлаг на празничната торта е супер-моделот Bella Hadid. Таа е во главната улога во кампањата на Swarovski која, освен парчиња накит, содржи и подароци за декорација на домот.
Максималистичкиот гламур и празнична елеганција, со парчиња во златни тонови на колекцијата Dextera , го делат центарот на вниманието со волшебната орбита на Swarovski, порачуваат од брендот.
Празничните украси на Constella колекцијата ја отсликуваат магијата на празнувањата. Блескаво прозирни и златестите кристали во позлатените фигури формираат сложени украси који ќе ги надополни блескавите празнични светла./М.М.
Деталите се на swarovski.com.