Новата маска за спиење на belif, се одликува со уникатна текстура на гел-пудинг, за да обезбеди влажност во текот на ноќта и росна свежина на тенот утредента. Во belif истакнуваат и дека маската ја задржува влагата и ја надополнува кожата со експлозивна хидратација. Со употреба на маската, кожата ќе стане помазна и поeластична, со здрав сјај. Особено е ефикасна кај оние кои имаат проблеми со сува, уморна кожа.
Пред 150 години, Duncan Napier, пекарот од Шкотска, откри дека природните билки можат да ја лекуваат неговата кашлица. Продолжи да учи ботаника и стана познат билкар, со сопствена продавница. belif го продолжува наследството на билки Napier.
belif ги комбинира традиционалните лековити билки со современата наука за кожата во Кореа. be•lief е и име на брендот и порака – ветување дека ќе им обезбеди на клиентите највисок квалитет на состојки, конзистентни формули и видливи придобивки. Искреноста, едноставноста и транспарентноста се вредности што се поддржуваат со секој производ. Верувајте во вистината за вашата кожа./M.M.