AB InBev го создаде Beck’s Autonomous – првото пиво во светот, со комплетна маркетинг кампања, направена со вештачка интелигенција.
По повод одбележувањето на 150-годишнината на Beckпивото, користени се ChatGPT и Midjourney за дизајнирање на пивото, брендирањето и маркетингот. Технологијата на вештачка интелигенција го водела континуираниот развој на производот до конечната верзија, со што Beck’s Autonomous е едно од „првите целосно машински создадени пива во светот“.
Мотивот за ваквата одлука, според директорката за маркетинг на Beck, Laura Salway, е во традицијата на компанијата која отсекогаш била на врвот на иновациите во светот на пивото.
Пивото, кое треба да биде пијалак од 5% ABV Pilsner, ќе биде достапно во хибриден контејнер од стакло и алуминиум, од 330 ml.
Laura Salway истакнува и дека рецептот создаден од ChatGPT користи локални германски производи и 100% природни состојки.
Тимот на AB InBev, фирмата на која и беше доверен целиот проект, открива дека вештачката интелигенција, освен за рецепт за пивото, е користена за името, логото, пакувањето како и сите елементи за рекламната кампања, како што се генерирање слики и ротирачко видео на новото јубилејно пиво, што ќе биде произведено во ограничени количеста.
Првата, пробна серија од 450 лименки Beck’s Autonomous ќе биде дистрибуирана во Велика Британија, Германија и Италија. Потрошувачите од овие земји треба да се пријават на веб страницата на брендот, за од 12 април да имаат шанса да добијат Beck’s Autonomous./М.М.