Во пресрет на премиерата на филмот за Barbie, во кој настапуваат холивудските актери Margot Robbie и Ryan Gosling, во Лос Ангелес е отворен нов интерактивен изложбен простор, насловен како World of Barbie.

Посетителите имаат можност да влезат во просторите на најпознатата кукла во светот: во нејзината куќа од соништата ( Barbie® Dreamhouse), во возилото за кампување ( Camper Van), како и во музејот ( Museum of Barbie) со сите нејзини предмети и облека.

World of Barbie, е возбудлив, интерактивен простор во кој посетителите го откриваат и истражуваат  животниот стил и многуте кариери на куклите и додатоците создавани повеќе од шест децении.

Кога се појави во 60-тите, Barbie беше олицетворение на тоа како треба да изгледа една жена: убава, со светли очи и долга руса коса, долги нозе и вита става. Цели децении беше омилена играчка за девојчињата, бидејќи омилената активност беше Barbie убаво да се облекува.

Инаку, бројни се местата на који можат да се видат предметите и просторите на Barbie. Така, Barbie Museum, сместен во Museum of Lifestyle & Fashion History, во Бојнтон Бич, Флорида, е единствен постојан музеј (Barbie Museum).

Најголемата пак постојана изложба на високата мода на Barbie е во Канада ( во Les Cours Mont-Royal). Единствена е од таков вид во светот, со изложени над 1000 Barbie кукли, секоја облечена во различна облека./М.М.

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.