Модната недела во Париз (Paris Fashion Week) на 28 септември беше во знакот на спектакуларниот вечерен настан – модниот фестивал на Balmain – хуманитарнот концерт исполнет со настап на бројни ѕвезди и преставување на колекцијата наменета за пролет-лето 2023 година.
Секоја година Balmain Festival фестивалот се проширува по големина и опсег. Започна како концерт и модна ревија за 1.500 луѓе во 2019 година, за сега да прерасне во специјална модна недела, што се случува за 10.000 пријатели на куќата.
На 28 септември, периметарот на легендарниот париски Stade, Jean Bouin, е трансформиран во ефемерното фестивалско село на Balmain, исполнето со штандови кои нудат роба на Balmain со ограничено издание, како и камиони со храна, преполни со специјални освежувања. Дел од приходите од секое купување на Balmain Festival одат директно на (RED) и на напорите на Глобалниот фонд за борба против пандемијата.
Од Balmain истакнуваат дека се горди на нивната долга историја и на партнерството со (RED), на бројни проекти и производи низ годините. Свесни дека глобалните пандемии бараат глобални одговори, од Balmain истакнуваат дека сега е време за здружување со (RED) за да се зајакнат глобалните здравствени системи и да се заштити тешко постигнатиот напредок. Затоа сите приходи од сите продажби на храна, пијалоци и производи од Balmain се наменети за помош во борбата со пандемијата.
На сајтот на модната куќа може да се проследи модната ревија на Balmain. https://us.balmain.com/en/experience/balmain-festival-v03-live?j=1247862&sfmc_sub=86347108&l=105_HTML&u=38144842&mid=7296015&jb=2013&utm_source=salesforce&utm_campaign=FW22_BALMAIN_FESTIVAL_V03_US&utm_medium=email&___redirect=auto
Со прикажаните 98 модели наменети како за жените, така и за мажите, Olivier Rousteing покажа дека со право се вбројува меѓу најдобрите современи модни дизајнери. Оригиналниот израз, затемнетите родови линији, драмата во дезенот, лелеавоста во материјалите и магијата во боите беа потврда за силата и талентот на дизајнерот кој уште еднаш блесна на модната писта./М.М.