Останувајќи искрено верен на единственото наследство на модната куќа Balmain, Olivier Rousteing во секоја колекција на женска облека внесува свежина и храброст во стилот што го застапува. Архитектонските форми остануваат присутни во препознатливите дизајни, што ги прави вистински уметнички дела, за да ги инспирираат и да ги поттикнат жените, се наведува во белешките со кои се преставува последната колекција, подготвена за носење.

Недопирлива или смела – во зависност од приликите, палетата на бои се трансформира во платно, покажувајќи ги сложените техники за шиење кои отсекогаш ја издвојувале од другите оваа легендарна модна куќа.
Прецизното внимание на деталите го претвора секое парче облека на Balmain во фасцинантно патување на модни откритија што ги држат очите ширум отворени. Од мини здолништа и фустани, кои се чувствуваат како втора кожа, до моќни мантили и јакни комбинирани со полежерни дуксери, фармерки и моќни модни додатоци, облеката на Balmain е во чекор со незапирливото темпо на модерната жена.


Резултатот е – ready-to-wear колекција на Balmain, која ја кондензира сета чувствителност и енергија на нејзиниот креативен директор, Rousteing./М.М.

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.